Во рамките на утврдената агенда за планираните предизборни активности, синоќа кандидатот за градоначалник и кандидатите за советници од редовите на СДСМ Охрид ги посетија и остварија предизборни средби со жителите од Косел и Лескоец. Во директен, отворен и непосреден разговор со присутните беа презентирани основните одредби од изборната програма на СДСМ за претстојните локални избори, а се дискутираше и за сите отворени прашања и проблеми на жителите од овие две населби, како и за актуелните  случувања на политичката, економската и општествената сцена во општината и во државата, информираше партиската прес служба.

Според утврдената агенда за планираните предизборни активности за денес, 06.03.2009 година, Општинскиот изборен штаб на СДСМ Охрид ќе ја одржи својата редовна прес конференција со почеток во 11;00 часот, на која, на почеток, ќе биде презентирана реакцијата во врска со непримерената и крајно непрофесионалната злоупотреба на прес конференциите во ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид, кои се користат единствено за необјективно и неаргументирано напаѓање, навредување и омаловажување на градоначалникот Петрески, соопштија од СДСМ.

Во тематскиот дел од прес  конференцијата, кандидатот за градоначалник Петрески ќе го презентира делот од својата изборна програма што се однесува на образованието во Охрид.

Денес, во попладневните часови, кандидатот за градоначалник и кандидатите за советници од редовите на СДСМ Охрид ќе ги посетат и ќе остварат предизборни средби со жителите од Стар град, Лескајца и Воска 1.

Утре, 07.03.2009 година со почеток во 19:00 часот, на платото пред СТОБЕКС, ОИШ на СДСМ Охрид ќе одржи предизборен митинг, на кој ќе бидат претставени кандидатот за градоначалник и кандидатите за советници од советничката листа на СДСМ Охрид. На присутните граѓани од овој дел на Охрид ќе им се обратат г-дин Александар Петрески, кандидат за градоначалник и г-дин Бранислав Трпчески, носител на советничката листа од СДСМ Охрид. На оваа јавна трибина ќе бидат изложени основните одредби од изборната програма на СДСМ за претстојните  локални избори, информираат од СДСМ.