ВМРО ДПМНЕ очигледно има проблем со одредеување на локациите за прес конференции, па затоа ќе им подариме GPS уред кој можат да го подигнат од просториите на нашиот изборен штаб, истакна кандидатот за градоначалник на Сојузот за Македонија, Александар Петрески на прес конференцијата што се одржа денеска на гхрадското пристаниште.
– Денеска повторно одржаа прес-конференција на охридското пристаниште, наместо да одржат пред надлежните министерства под чии ингеренции е Охридското Езеро и пристаништето, рече Петрески, посочувајќи дека езерото кое е во очајна состојба е во надлежност на државата, а отпадот што го исфрла езерото го чисти единствено „Охридски комулналец“.
Петрески смета дека државата имала погрешент модел на доделување на плажите на Охридското Езеро под концесии во струшко и охридско, особено во делот на безбеднсота на капачите и туристите во екот на сезоната, притоа потсетувајќи на, како што рече, бројните несреќи и инциденти.
Кандидатот за градоначалник на Сојузот за иднината, упати забелешки и на трошењето на средствата за заштита на Охридското Езеро.
– Ние како локална власт ги прашуваме за што ги потрошија седумте милиони евра обезбедени за заштита на Охридското Езеро, а не можеме да видиме ниту еден позитивен ефект од тие средства. Се одржуваат само семинари, конгреси, само зборови никаде дело, истакна Петрески.
Тој рече дека граѓаните на Охрид увиделе како ВМРО-ДПМНЕ како централна власт се однесува не само со езерото, туку и со магистралните патишта, создравствените установи и затоа, според него, во Охрид може да се каже дека немаат никакви дела, наспроти нивниот предизборен слоган.