
Петрески рече дека приоритетите на неговата партија произлегуваат од реалните и елементарни потреби на граѓаните, а не, како што рече, од фикс идеите на поединци кои се во голем расчекор со времето и економските услови во кои живеат граѓаните на Охрид. Според Петрески поприоритетно е да се довршат водоводните и канализационите системи во Велгошти и Лескоец, да се продолжи со започнатата реконструкција и санација на патната и сообраќајната мрежа и во целост да се реализира проектот наречен асфалтирана улица, улично осветлување, водовод и канализација за секое домаќинство во општина Охрид.
Кандидатот петрески во Пештани го придружуваше членот на идниот Совет, Ѓорѓи Танески, кој истакна дека заложба на советничката група на СДСМ, ќе биде Пештани да стане модерно место за живеење.











