Петрески, Нанче, Павлоски, Попоски, Љац… во трка за градоначалник на Охрид
Во својата прва изјава по номинацијата, дадена за Оhridnews, кандидатот за градоначалник на Охрид од ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Трендафилов-Нанче, рече дека е задоволен од изборот на владејачката партија во Македонија.
„Мислам дека изборот беше очекуван. Се надевам дека овојпат ќе имаме фер избори за разлика од минатиот пат . Со Господ напред ќе биде се како што треба, а ќе се потрудам и јас да биде така“, изјави тој за Ohridnews.
Актуелниот градоначалник Александар Петрески, кој ќе атакува на втор мандат како кандидат на 
Покрај Трендафилов од ВМРО ДПМНЕ и Александар Петрески од СДСМ, на локалните избори во Охрид со свои кандидати за градоначалник ќе настапат ЛДП и НСДП.
Либералдемократрите ја истакнаа кандидатурата на актуелниот директор на ЈП Охридски Комуналец и советник, Боро Павлоски, кој најави дека ќе понуди нов концепт за Охрид.
„Доста се гласа лево или десно. На овие избори граѓаните на Охрид ќе имаат повеќе опции и се надевам дека ќе ја изберат вистинската“, рече Павлоски.
Новите социјалдемократи на изборите ќе настапат со претседателот на општинскиот огранок, 
Тој исто така најавува позитивна кампања и политичка платформа која ќе понуди развој на Охрид. Акцент во неговата програма која ќе биде обелоденета кога ќе почне изборната кампања, ќе биде ставен на економијата.
Засега во најава е и најмалку една независна кандидатура, а се споменува името на Владимир Рувинов – Љац.












