– Градоначалникот Александар Петрески во своите досегашни два мандати инвестираше во водоводот и колекторот колку што сите градоначалници на ВМРО – ДПМНЕ заедно немаат инвестирано. И не е само водоводот. Тука е патната инфраструктура, потоа кровот на охридската гимназија, но и реновирањето на повеќето училишта во Охрид, спортската сала во Пештани и уште многу други капитални инвестиции. Наместо да ја залажуваат јавноста со лажни станоиздавачи и партиски војници во својство на независни граѓани, нека протестираат пред Владата на Република Македонија каде што ќе побараат зголемување на стандардот на животот, стои во реакцијата.