Секоја инвестиција во Охрид ја поддржувам, но не доколку се реализира на нечесен начин и на сметка на другите граѓаните, хотелскиот еснаф или црквата, вели градоначалникот Александар Петрески коментирајќи ја најавата за изградба на супер луксузниот туристички комплекс кој во Љубаништа сака да го гради индиската компанија „Сахара Индија Паривар“.

Ако сопствениците на хотелите во Охрид зеле кредити во банки за да изградат хотели на земјиште кое чини 200 до 300 евра квадрат, ако платиле неколку милиони евра за комуналии, зеле кредити и треба да работат за да ги вратат кредитите , не е добро ако сега на некого му се даваат некои други услови да гради, без разлика од каде е, за едно евро и без да плати за комуналии. Со тоа отвораме едни хотели, а затвораме други хотели. За тоа не сум.  Ако инвестиција се реализира под исти или слични услови како и со останатиот хотелски еснаф тогаш се сложувам. Јас мислам дека проектот нема да се реализира, додека течат сите овие процедури оние кои ги носеа законите и ги имаат овие луди идеи нема повеќе да бидат на власт, изјави градоначалникот Петрески.

OhridNews