Тој потенцира дека сојузот не е против инвестиции, но дека е најважно да се зачува местото.
– Доколку некој сака да инвестира, во Охрид има и други места кои не се толку значајни , како што е просторот од „Андон Дуков“ кон Струга, каде би можело да се реализира истата инвестиција. Им порачувам на жителите кои имаат овде имоти мирно да спијат за нивното земјиште, бидејќи нема да дозволиме измамата да се случи. Нема овде повторно да се случи национализација погруба од онаа во 1946, со законите на Александар Николоски, рече Петрески.
Како што рече носителот на листата на Сојузот за иднината, Јован Стојаноски, станува збор за свето место каде изградбата на туристичкиот комплекс од страна на индиецот Субрата Рој, ќе претставува на еден начин спротиставување на трите основни принципи- економскиот, еколошкиот и духовниот.
– Од економски аспект не можеме да се согласиме, бидејќи тоа претставува девастација на овој простор. Од еколошки аспект, ќе бидат уништени Охридското езеро и живиот свет во него. Никако не треба и поради духовното, нашиот народ рекол на црковно место не се гради, изјави Стојаноски.
Тој додаде дека во изборната програма на сојузот се содржани неколку инвестиции кои ќе бидат реализирани на соодветни локации, а не на свети места .