„Од она што го понудија моите политички противници во досегашниот тек од кампањата, се наметнува основниот заклучок дека немаат никаков концепт или програма која е во склад со надлежностите на локалната самоуправа“, рече на денешната прес-конференција, кандидатот за градоначалник на Охрид од СДСМ, Александар Петрески. Тој додаде дека во оваа изборна кампања е понудена само една програма која е реална, оперативна, остварлива и како што рече, во склад со оствареното ниво на децентрализација во Македонија.
Кандидатот за градоначалник од СДСМ, денеска уште еднаш потсети на дел од неговите приоритети, меѓу кои на довршување на сите преостанати инфраструктурни делови од општината, зголемувње на сместувачките капацитети и продолжување на започнатата туристичка промоција на Охрид, реализација н програмата за рурален туризам, изградба на современ пазар и современ објект на новата автобуска станица, изградба на регионален дом за стари лица и слично.
Заблагодарувајќи им на охриѓани за присуството на синоќешниот митинг на градскиот плоштад, Петрески подвлече дека, за разлика од нив, ДПМНЕ го направила митингот во Охрид со луѓе од другите делови на Македонија и со Амди Бајрам.
„Им порачувам на граѓаните се што им дава ВМРО-ДПМНЕ, брашно, масло, шеќер, кафе, да го земат зашто тие се купени од парите што оваа партија им ги зема на граѓаните“, рече Петрески.
Тој денеска се пожали дека премиерот Груевски ниту службено не го информирал за ставањето камен-темелник на обиколницата на „Железничка“. „Освен граѓаните од овој дел од градот, и јас најмногу сакам да се заврши „Железничка“, но најискрено, ме плаши сево ова е во функција на изборите“, кажа Петрески.
A.Р.











