„По убедливиот пораз во првиот изборен круг на вазалот на Никола Груевски, во Изборниот штаб на ДПМНЕ во Охрид е воведена вонредна состојба. Место фер и демократска кампања, почнаа со методи и тортури, својствени за Гестапо“ изјави на денешната прес-конференција, кандидатот за градоначалник од СДСМ, Александар Петрески. Петрески обвини дека цивилните партиски структури целосно се заменети со полициски специјалци, донесени од Скопје.
„Најново од гестаповскиот арсенал на тортури и закани на ДПМНЕ врз граѓаните на Охрид се синоќешните 5 автобуси со инспектори од цела Македонија“, подвлече Петрески.Тој рече дека голем број граѓани биле приведени на информативни разговори во полицијата.
„ Во ЕМО и во сите јавни установи и институции во градот, раководните лица, поединечно ги повикуваат сите вработени и од нив бараат списоци со телефонски броеви на членовите од нивните семејства и најдиректно им се закануваат дека на 6 април, ќе бидат избркани од работа, доколку и последниот од тој список не гласа за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ“, обвини Петрески.

Ги користат и нашите проекти – обвини Петрески
Според него, од страна на ВМРО-ДПМНЕ се делат мобилни телефони со кои, како што рече, граѓаните треба со слика да докажат дека гласале за кандидатот на ДПМНЕ, се купуваат гласови со пари, со дрва, со кафе, брашно, масло и шеќер.
„Доколку ги најде заедно со специјалните полициски структури, становите кои наводно сум ги имал во Солун, Скопје и не знам каде уште не, ќе му ги подарам и со здравје да ги користи“, одговори Петрески на обвинувањата од пратеникот Николовски.
Кандидатот за градоначалник од СДСМ, Александар Петрески денеска потпиша меморандум за соработка со претседателот на оганокот на ПДП во Охрид, Есад Аслани.
Ohridnews











