Во рамките на утврдената агенда за планираните предизборни активности синоќа кај спортското игралиште во Воска, ОИШ на СДСМ Охрид  одржа предизборен митинг, на кој беа претставени кандидатот за градоначалник и кандидатите за советници од советничката листа на СДСМ Охрид.

На присутните граѓани од овој дел на Охрид  им се обрати  Александар Петрески, кандидат за градоначалник,кој пред  многубројната публиката нагласи дека: Еден спрема нула не им беше доволно па сакаат да изгубат уште еднаш, за резултатот да биде два спрема нула. Господинот Александар Петрески им го презентира на граѓаните делот од изборната програма која се однесува за неселбата Воска и им вети дека Воска повторно ќе биде пријатно и модерно место за живеење. Петрески нагласи дека ќе ги врати туристите во Воска и на тамошните плажи, како што тоа било некогаш.

Синоќа кандидатот за градоначалник и дел од кандидатите за советници од советничката листа на СДСМ Охрид ги посетија и остварија предизборни средби со жителите од Крали Марко. На присутните им беа преставени основните одредби од изборната програма на СДСМ за претстојните локални избори. Во директен, отворен и непосреден разговор со присутните,  се дискутираше за сите прашања и проблеми на жителите од овој дел на градот.

Исто така Господинот Александар Петрески присуствуваше на отворањето на финалниот турнир на Купот на Македонија во кошарка 2009година.

Денес, 12.03.2009 година (четврток) градоначалник, како и кандидатите од советничката листа од СДСМ ќе остварат средба со жителите од  Билјанини извори и  урбаната заедница Даме Груев. На оваа јавна трибина пред ѓраѓаните ќе бидат изложени основните одредби и цели од изборната програма на СДСМ за претстојните локални избори, информираше партиската прес служба.