Градоначалникот Александар Петрески прими делегација на Атлетската федерација на Македонија и на Македонскиот олимписки комитет.


На средбата на која присуствуваа претседателот на Атлетската федерација на Македонија Крсте Серафимоски, директорот на МОК Владимир Богоески и членови на Атлетскиот клуб од Охрид беше договорено да се унапреди атлетското спортување во Охрид.


Исто така, беше договорено дека Општина Охрид ќе помогне во организирањето на атлетскиот маратон што ќе се одржи на 8 Септември годинава, кој лани поради недостиг на финасиски средства беше откажан.

ohridnews