Во рамките на утврдената агенда за планираните предизборни активности за 09.03.2009 година, вчера во попладневните часови кандидатот за градоначалник и кандидатите за советници од советничката листа на СДСМ Охрид ги посетија и остварија предизборни средби со граѓаните од Горна Влашка Маала и Христо Узунов. На присутните граѓани од овие урбани единици во Охрид им беа изложени основните одредби од изборната програма на СДСМ за претстојните локални избори, соопшти партиската прес служба.

Според утврдената агенда и планираните предизборни активности за 10.03.2009 година, денес, во попладневните часови, кандидатот за градоначалник и кандидатите за советници од редовите на СДСМ Охрид ќе ги посетат и ќе остварат предизборни средби со жителите од 7-ми Ноември и Центар. Во директен, отворен и непосреден разговор со присутните ќе бидат презентирани приоритетите од изборната програма на СДСМ за претстојните локални избори, а ќе се дискутира и за сите отворени прашања и проблеми на жителите од овие урбани  единици, како и за актуелните случувања на политичката, економската и општествената сцена во општината и во државата, информираше партиската прес служба.