Партијата ме кандидира затоа што сум добитна комбинација. Со тоа паднаа сите шпекулации во минатиот период на кои јас не одговарав воопшто, а кои ги  пласираа одредени медиуми и таканаречени политичари, е коментарот на Петрески во врска со неговата кандидатура.

–    На анкетите имав убедливо најголема предност и така ќе остане. Граѓаните знаат да препознат квалитет и што е направено. Колекторот јас го направив  од Лагадин до Пештани, спортската сала со 2 милиони евра јас ја направив, Гимназијата ја реконструирав, салите во ОУ „Григор Прличев“, во ОУ „Св. Наум Охридски“, километри патишта, водоводи и канализации, што е повеќе од сите градоначалници на ВМРО ДПМНЕ заедно, вели Петрески.

Во врска со вчера оддржаните протести на станоиздавачите, градоначалникот со коментар дека меѓу нив имало само десет станоиздавачи и луѓе кои постојано протестираат.  

–    Еден од нив беше директорот на охридската болница Љубен Арнаудов кој е еден од вечните протестанти во Охрид, заедно со Коле Бикчето и Тане Маркоски со кои заедно протестираа пред ЕУ и против Фуере. Вчера не можеа ни десет луѓе да соберат, па го повикаа и Љубен Арнаудов. Тој не е станоиздавач, тој е уништувач на јавното здравство во Охрид, а злите намери нема да му помогнат Груевски да го кандидира за градоначалник. На протести беше и Зоран Зафироски кој воопшто не е регистриран како станоиздавач. Меѓу протестантите имаше неплаќачи на туристичка такса и диви станоиздавачи, па ја повикувам УЈП да се позанимава малку со нив, рече Петрески кој додава дека најголем напредок е направен во тој дел околу станоиздавачите во Охрид.
 
–    Од нула регистрирани станоиздавачи денес имаме околу 2000 категоризирани. Има уште неколку илјади, но со оглед дека ние почнавме од нула ова е одличен напредок, потенцира градоначалникот.

Петрески со коментар и околу изјавата на пратеникот Александар Николоски.

–    Му порачувам ако толку има храброст еднаш нека се појави на локални избори во Охрид и ќе видиме кому му веруваат граѓаните, нему или мене. Може поради истото име да добие некој глас, но и тоа нема да му е доволно. Ако е сигурен, нека излезе со мене на избори, а не да оди на сигурно на добитна листа за пратеник, изјави Петрески.

OhridNews