Охридските социјалдемократи позитивно ја примија веста дека е постигнат договор за надминување на политичката криза во земјата, кој вклучува враќање во парламентот на пратениците од опозицијата и учество на локалните избори закажани за 24 март.

-Јас цело време бев оптимист дека ќе се изнајде решение и дека ќе се одржат локалните избори со учество и на опозцијата и еве тоа се остварува. – изјави Петрески кој е оптимист и за исходот на претстојните локални избори.
Не помалку оптимизам има и во редовите на ВМРО ДПМНЕ во Охрид. Оттаму со став дека на избори треба да одат сите и дека сакаат политички противник за да можат граѓаните да ги споредат програмите, бидејќи, како што велат, само така може да дојде до напредок на Охрид.

Вечерва заседава Централниот одбор на СДСМ, кој заедно со коалиционите партнери има нешто повеќе од 48 часа да ги состави и предаде кандидатските листи за учество на локалните избори на ДИК. Од ВМРО ДПМНЕ, пак, велат дека во континуитет сериозно работат на својата изборна програма и дека се подготвени да одговорат на барањата на локалните заедници.











