– Обезбедивме 21 согласност од надлежните институции и согласно законот за просторно урбанистичко планирање го донесовме планот. Уште додека траеше седницата, советниците од ВМРО- ДПМНЕ веќе се јавуваа во Скопје во инспекторатот, затоа што тие имаат таква задача- да ги стопираат урбанистичките планови. Иако се работи според законските прописи и што инвеститорот е охриѓанец , иако хотелот кој е предвидено да се гради би бил оддалечен од 70 до 100 метри од Охридското езеро и заштитената зона. Целта е да може да доаѓаат инвеститори од секаде и за едно евро да купуваат земја , а нашите инвеститори да не можат, изјави Петрески.
Во однос на укажувањата од државниот градежен инспекторат , градоначалникот рече дека по дел од нив, согласно надлежностите, ќе се постапи и ќе биде известен инспекторатот. За останатите, што не се во согласност со надлежностите ,а ги наведува инспекторатот, градоначалникот ќе поднесе кривични пријави против оние кои бараат од него да постапува спротивно од законот. Меѓу барањата го наведе и укажувањето да се поништи одлуката на советот, за што нагласи Петрески, поништување на одлука донесена на совет може да изврши единствено Уставен суд.
Од општинската ВМРО- ДПМНЕ, ја поздравија вчерашната одлука на Државниот инспекторат за урбанизам и градежништво. Оттаму, велат дека со тоа излегла на површина вистината за незаконското работење на Градоначалникот Петрески и Општина Охрид во однос на донесувањето на Деталните урбанистички планови.
– На таквиот однос на Петрески, неговите коруптивни елементи и незаконие укажувавме години наназад.На хаосот во урбанизацијата , урбано дивеење , урбана мафија предводена од Локалната самоуправа и Петрески ние укажувавме на многу пресови. На седницата на Советот пред една недела јасно укажавме дека Петрески и советниците од мнозинството на СДСМ и партнерите прават неаконско дело, кое може да предизвика проблеми и за Охрид и за инвеститорите и заинтересираните страни. Но, под притисок на своите бизнис интереси и интереси за полнење на џебовите, Петрески насилно го истурка Планот за комплексот Св.Стефан без да води сметка за Охрид и за самиот инвеститор, рече на денешнат апрес- конференција претседателот н аОК на ВМРО- ДПМНЕ, Атанаско Михаилов.
Тој рече дека ВМРО ДПМНЕ ги поддржува инвеститорите , инвестициите и сопствениците, потенцирајќи дека секое носење на ДУП мора да биде во законска процедура.