Петрески: Противкандидат на изборите ќе ми биде Грозданов, Размоски или Шокароски
23.07.12 00:08
Актуелниот градоначалник на Охрид, Александар Петрески, кој по трет пат ќе биде кандидат на СДСМ на Локалните избори, кои ќе се одржат идната година, очекува за противник од редовите на владејачката ВМРО ДПМНЕ да добие некој од тројцата истакнати функционери: актуелниот директор на Агенцијата за стопанисување со станбен и деловен простор Цветко Грозданов, поранешниот висок полициски функционер Јордан Размоски, или актуелниот пратеник Харалампие Шокароски.
-Лично би сакал тоа да биде Цветко Грозданов и мислам дека доколку тоа се случи ќе биде многу интересно, изјави Петрески.
Без оглед кој ќе му конкурира, Петрески изрази оптимизам дека на следните локални избори ќе однесе најубедлива победа до сега, обвинувајќи ја централната власт за опструкции, кои тој очекува да ги има и понатаму.
-Јас се надевам дека овие локални избори ќе бидат нешто повеќе од локални избори и дека конечно ќе дојде до промена на централната власт која цело време како да го има заборавено Охрид, како да го опструира. Охрид во позитивна смисла треба да биде форсиран град во Македонија, а не обратно, рече Петрески.
Градоначалникот на Охрид, вели дека во изминатите два мандати реализирал многу проекти, но дека останало уште доста да се направи. Како приоретни ги издвои заложбите за изградба на автопат кон Скопје и Битола, а со преземање на ингеренциите над државното земјиште тој најави дека ќе ја реализира дамнешната идеја за изградба на ски центар на Галичица, како и современа автобуска станица и Дом за пензионери.
-Основен мотив да се кандидирам за трет мандат е реализација на сите проекти кои значат добро за градот и ќе претставуваат уште еден исчекор кон тоа Охрид да биде туристички бисер во Македонија и пошироко, додаде Петрески.
Тој им се заблагодари на сопартијците за укажаната доверба, со што, како што рече, паднале во вода разните шпекулации пласирани во јавноста во последниот период.
-Им благодарам на поддршката на сите делегати, кои едногласно со акламација ме кандидираа и со тоа паднаа во вода сите шпекулации кои во минатиот период ги пласираа одредени медиуми, разни политичари и луѓе од градот. Јас се и сешто се изнаслушав, па сега нека се проверат сите што зборуваа, па нека видат како изгледа ситуацијата во овој момент, истакна Петрески.
Тој очекува полна поддршка и од другите опозициски партии, за кои е убеден дека ќе застанат зад неговата кандидатура.
– Разговарав со сите лидери на партиите од опозициската коалција од кои добив уверување дека ќе ме поддржат како заеднички кандидат за градоначалник, рече Петрески.
Според најавите кандидатурата на Петрески за градоначалник, ќе биде официјализирана на митинг на СДСМ што ќе се одржи во Охрид на 29-ти јули.
Владејачката ВМРО ДПМНЕ, официјално се уште не ја коментира одлуката на СДСМ по трет пат да го кандидира Петрески за градоначалник на Охрид. Лидерот и премиер Никола Груевски, вчера престојуваше во работна посета на повеќе институции во Охрид и Струга, но се воздржа од давање било какви политички изјави.
На 15112025 во 17:10 часот во СВР Охрид било пријавено дека во атарот на охридското село Свињишта било пукано од огнено оружје, при што еден проектил завршил во влезна врата од куќа, сопственост на...
Во периодот од 11-17 ноември 2025 г во организација на Црвениот крст на Северна Македонија и Меѓународната Федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во Центарот за обука на Црвениот крст...
Пожарникарите од ТППЕ Охрид – Пожарна и ДПД Ентузијаст Охрид во соработка со претставници од покраината Тирол, Република Австрија, викендов реализираа успешна вежба во стариот дел на Охрид каде вла...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.