
-Охрид за жал е пример на тотална несоработка помеѓу централната и локалната власт, бидејќи се наоѓа под класично политичко и економско ембарго. Се што може се стопира, Охрид не може да земе кредит, не може да стане сопственик на државниот имот и плажите кои се дел од него. Во Охрид нема воопшто децентрализација, нема ни прва ни втора фаза, него ние сме во минус, изјави Петрески.
Според охридскиот градоначалник неспроведувањето на процесот на децентрализација всушност покажува дека во Македонија отсуствува демократија.
-Потребно е да се направи комплетно нов систем за локалните самоуправи затоа што сегашната територијална поделба не функционира, особено регионите. Не се почитува одлуката еден процент од бруто домашниот производ да се распределува на регионите, иако тој закон го донесе владата, рече Петрески, додавајќи дека Македонија е една од најцентрализираните земји во светот.












