Погрешна е тезата која се пласира во јавноста дека СДСМ е за бојкот, напротив партијата сака да учествува на локалните избори, но за тоа треба да се исполнат барањата на опозицијата кои не се екстремни туку минимални, изјави денеска градоначалникот на Охрид Александар Петрески. Тој тврди дека на завчерашната седница на Извршниот одбор на СДСМ не била донесена одлука  да се бојкотираат локалните избори, туку да се пролонгираат за да може да се исполннат бараните услови.

-Мислам дека зборот бојкот погрешно се пренесува во медиумите. Сите во СДСМ, од мене до раководството и претстедателот донесовме едногласна одлука со која ги потврдивме претходните одлуки на Извршниот одбор. Самата одлука кажува дека и ние како градоначалници, раководството на партијата и коалиционите партнери сакаме да одиме на локални избори. Меѓутоа бараме минимум услови да се исполнат за да учествуваме. Значи, ние немаме одлука за бојкот, туку имаме одлука да учествуваме на изборите, меѓутоа да се направат некои работи што треба да се направат во секоја нормална држава. Тоа е она што го бара ОБСЕ да се расчисти изборниот законик и одложување на локалните избори со цел да можиме да се организираме и да настапиме на тие избори.-изјави Петрески.


Александар Петрески

Петрески смета дека локлните избори наместо во март треба да се одржат во април, укажувајќи дека доколку не се прифатат претходно изнесените барања на опозицијата таа нема да учествува во изборниот процес ,затоа што смета дека тој нема да биде демократски. Градоначалникот на Охрид тврди дека сите во СДСМ стојат цврсто на ваквиот став и не очекува доколку власта не ги прифати барањата на опозицијата, некој од кандидатите за градоначаници да поднесе кандидатура во дополнителниот рок кој истекува на 3 март.

-Прво знам дека дека не мислат така, второ тоа за никого не е  добро. Тоа го очекува и посакува ВМРО ДПМНЕ и затоа се служи со финти и дава непристојни предлози со пролонгирање на рокови, а се со цел некој повторно да истрча, или пак од партиите во коалицијата.-рече Петрески.

Според Петрески власта не треба да очекува опозоцијата да се врати во парламенатот и да земе учество на претстојните избори по случувањата од 24 декември се додека некој не понесе одговорност за немилите настани кои и нанесоа сериозен удар на демократијата и го разнишаа угледот на државата во меѓународни рамки.

OhridNews