
Одговарајќи на новинарско прашање, Петрески демантирааше дека се оддалечил од матичната партија, со тоа што и на минатите и на овие избори е нивни кандидат. Тоа, како што рече, не било случај со неговиот опонент кој на минатите избори бил кандидат на една , а сега е кандидат на друга партија.
Петрески позитивно ја оценува кампањата на кандидатот на НСДП, бидејки програмата имала визија. Најголемата забелешка по однос на неа тој го почи, како што рече, непознавањето на надлежноста и ингеренциите на локалната и централната власт. Петрески рече дека локалната нема ингеренции врз повеќе од предлозите кои се даваат во кампањата.
Гласачите се тие кои го имаат последниот збор – истакна Петрески на денешната средба со новинарите.











