
Синоќа, во просториите на ОО СДСМ Охрид, кандидатите од листата за советници од СДСМ Охрид остварија средба со претставниците од Националниот демократски институт (НДИ), како носител на проектот „ ! Не си играј со иднината – фер избори 2009“, што се спроведува во Република Македонија со заедничко учество на НДИ, Граѓанската асоцијација МОСТ, Институтот за парламентарна демократија и ОХО. На двочасовната интерактивна средба, на која беа разменети голем број размислувања, ставови, искуства и предлози, претседателот на ОО СДСМ Охрид, г-динот Томе Чингоски го истакна големото значење на овој проект и ја изрази безрезервната и силна поддршка што ОО СДСМ Охрид ја дава на сите напори и обиди на меѓународната заедница и невладините организации да бидат организирани и спроведени фер и демократски избори. Чингоски и кандидатите за советници од СДСМ Охрид, и покрај искажаниот оправдан скептицизам во однос на декларативните заложби на Владата да организира и спроведе такви избори, уште еднаш ја потенцираа цврстата определба на СДСМ Охрид за избори без насилство и закани, без семејно гласање, без гласање за друг и без полнење на
кутии и подмитување, како основни универзални демократски принципи, содржани во овој значаен проект.
Денес, 07.03.2009 година со почеток во 19:00 часот, на платото пред СТОБЕКС, ОИШ на СДСМ Охрид ќе одржи предизборен митинг, на кој ќе бидат претставени кандидатот за градоначалник и кандидатите за советници од советничката листа на СДСМ Охрид. На присутните граѓани од овој дел на Охрид ќе им се обратат г-дин Александар Петрески, кандидат за градоначалник и г-дин Бранислав Трпчески, носител на советничката листа од СДСМ Охрид. На оваа јавна трибина пред ѓраѓаните ќе бидат изложени основните одредби од изборната програма на СДСМ за претстојните локални избори.












