Петрески се сретна со жителите од Трпејца, Пештани, Елшани и Коњско
19.03.09 00:21
Во рамките на утврдената агенда за планираните предизборни активности вчера во попладневните часови кандидатот за градоначалник Александар Петрески и кандидатите за советници од редовите на СДСМ Охрид ги посетија и остварија предизборни средби со жителите од Трпејца, Пештани, Елшани и Коњско. Во директен, отворен и непосреден разговор со присутните беа презентирани приоритетите од изборната програма на СДСМ за претстојните локални избори, а се дискутираше и за сите отворени прашања и проблеми на жителите од овие 4 рурални заедници од охридската општина, како и за актуелните случувања на политичката, економската и општествената сцена во општината и во државата.
Во рамките на утврдената агенда за планираните предизборни активности, денес кандидатот за градоначалник Александар Петрески планирано е да оствари повеќе средби и гостувања од протоколарен и промотивен карактер низ Охрид.
Утре,(петок), покрај одржувањето на редовната прес конференција во СДСМ Охрид во 11:00 часот, со почеток во 20:00 часот во населбата Рача ОИШ на СДСМ Охрид ќе одржи предизборен митинг, на кој ќе бидат претставени кандидатот за градоначалник и кандидатите за советници од советничката листа на СДСМ Охрид.. На присутните ќе им се обрати Александар Петрески, кандидат за градоначалник. На оваа јавна трибина во Рача пред жителите ќе бидат изложени основните одредби и цели од изборната програма на СДСМ за претстојните локални избори.
Денеска започнува предизборната кампања за претсдателските и локални избори, што ќе трае до 20-ти март, кога започнува изборниот молк Изборите за претседтаел на државата ќе се одржат на 22 март зае...
На 22 март во Охрид ќе се одржат четвртите локални избори Граѓаните покрај за градоначалник, на претстојните избори ќе гласаат и за членови на Советот На овие избори конкуренцијата за едно од 23-те...
Со голем митинг на плоштадот „Св Климент Охридски“ во Охрид, вечерва, владејачката ВМРО ДПМНЕ, традиционално, ќе ја започне изборната кампања за претсдателските и локалните избори 2009 На митингот ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.