– Единствено е добро што се помина без жртви. Како град не можеме да функционираме, најмалку да развиваме туризам ако гостите поради снег не можат да стигнат во Охрид или пак си заминат. Еден споменик помалку да направеа можеа да се купат 200 машини за оддржување на патиштата низ цела Македонија и да тие бидат исчистени и проодни, рече Петрески.
Наспроти тешко проодните патишта надвор од Охрид, локалните патишта во општината редовно се чистат и оддржуваат, потенцира директорот на ЈП „Охридски комуналец“, Сашо Алчев.
– За нас нема работно време. Штом заврне снег веднаш службите се ставаат во функција и реагираме согласно потребите. Располагаме со сета потребна опрема, возила, механизација и абразивни средства, рече Алчев додавајќи дека во услови кога преку интернет може прецизно да се утврдат врнежите од снег недопустливо е поради снегот да има блокирани патишта и сообраќај.