– Ќе носеле овде Индијци, не знам што ќе носеле, ќе правеле висок туризам, па тој висок туризам ќе го развивале туристите со авиончиња да слетуваат во езерото. По патиштата ако ги носат, еве какви се патиштата до Охрид. Дали со вакви патишта до Охрид ќе правиме елитен туризам, или било каков туризам, праша Петрески.
Кандидатот за градоначалник од Сојузот за иднината презентира и фотографии за реализирани проекти од страна на локалната самоуправа, за кои рече дека го покажуваат убавото лице на Охрид. Меѓу нив фотографии од градскиот парк, споменикот на Свети Наум за кој Петрески рече дека чини 150.000 евра, додека ист таков споменик во Скопје чини 1.500.000 – 2.000.000 евра. Петрески покажа и фотографии за тоа како изгледал Охрид пред да биде градоначалник.
– Исто така, слушам овие денови по телевизија дека ги повикуваат земјоделците да прават осигурување на имот. Исто така, ќе давале субвенции за млекото. Имало прва и втора класа за млекото. Се тоа е ветер во магла. Зошто тоа не го кажаа пред три месеци, пред шест месеци, пред една година? Зошто сега го кажуваат? Тие не знаат дека има дождови, дека може да има поплави? Дека на зима може и снег да падне? Зошто сега ги кажуваат сите тие работи? Зошто сега Коњаноски оди три пати во Лакочереј? Прво треба да знае дека нема млеко прва и втора класа. Млекото е добро или не е добро. А тоа луѓето од Лакочереј го знаат. Исто така, и за посетите што ги прават секоја вечер, од кандидатот за градоначалник, до носителот за листа. Граѓаните кај нив, по пет часа, по пет дена и по пет месеци чекаат на ред да стигнат кај нив, онаму каде што работат. А сега, на истите граѓани им одат дома секоја вечер, рече Петрески.
Му заблагодари на противничкиот табор за кампањата што ја прави против него, додавајќи дека со тоа се зголемувала разликата во првиот изборен круг .
– Остануваат уште неколку дена за дуел. Доколку соберат храброст, ги повикуваме како сакаат, и каде сакаат, и со кого сакаат. Можеме, значи, градоначалник со кандидат за градоначалник, може носителот на листа со носител на листа, нивниот портпарол со нашиот портпарол. Исто така, било кој советник од нивната листа, со било кој советник од нашата листа, рече Петрески.