
Оттаму информираат дека поддршката на градоначалникот за стечајците особено на тие од Охрид, нема никаква врска со предизборието и дневнополотичките активности на кандидатите за градоначалничката позиција. Оваа поддршка стечајците во Охрид ја имаа од градоначалникот и досега бидејќи нивната немаштина и социјалната несигурност за нивните семејства е товар за општината. Тие наши сограѓани бараат излез тука каде живеат, а ние како општина не можеме да им помогнеме. Тоа е тешко и за нас како локална власт, но тешко сватливо и за нив кои се препуштени на ветувања, се вели во соопштението од кабинетот на градоначалникот Петрески.












