– Тоа мене нема да ме поколеба за да застанам зад фер и демократска кампања. Од нивна страна кампањата беше незаконски предвреме започната, вршеа промоции, посети на граѓаните по домовите и делеа програми во кои 90% се содржани мои проекти кои сум ги реализирал или е предвидено да ги остварам. Грдото лице на кампањата можеше да се види сношти на митингот во Охрид. Сакам да ве уверам дека во Охрид ќе победи убавото лице и граѓаните нема да дозволат градот да се претвори во грдо лице, како што е случај во Скопје со забеганиот проект „Скопје 2014“. Нема да дозволиме Охрид да се претвори во грдо лице со забеганите проекти како оној на Субрата Рој, изјави Петрески.
Тој додаде дека на вчерашниот митинг на ВМРО- ДПМНЕ и коалицијата присуствувале граѓани од целата земја, но меѓу нив мал бил бројот на охриѓани.
– Каква кампања ќе водат може да се заклучи од над 300 автобуси кои вчера пристигнаа во Охрид. На градскиот плоштад имаше се, само не охриѓани. Пристигнаа дури и службени возила од универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип. Дали ова е фер и демократска кампања? Тоа е злоупотреба од врвот на владата на Македонија, рече Петрески.
Петрески информира дека изборната програма е подготвена и дека во тек е подготовката на советничките листи кои ќе се поднесат до ОИК во предвидениот рок.
СДСМ и здружената опозиција „Сојуз за иднината“, вечерва, со почеток во 20 часот,
на градскиот плоштад ќе одржи голем предизборен митинг.