
– За нас во Охрид нема разлика меѓу гостите, сите се добредојдени. Сметам дека инцидентот не е случаен, дека зад него не стојат охриѓани и очекувам од надлежните власти во најкус можен рок да ги пронајдат сторителите, рече Петрески.
Градоначалникот на Охрид истакна дека упатил писмо со извинување до канцеларијата за врски на Грција во Скопје и конзулатот во Битола, во кое тој го осудува немилиот настан.












