
Кандидатот за градоначалник, Александар Петрески, рече дека опструкциите на Министертсвото за труд и социјална политика во случајот со детската градинка доаѓаат индиректно преку Министерството за финансии и министерот Трајко Славески.
-Првиот месец по влегувањето на Охрид во втората фаза од децентрализацијата, ќе го решам проблемот со вработените во градинката кои се со години со договор на дело, рече Петрески. Тој најави меѓу другото изградба на регионален центар за стари лица, општински центар за грижа на стари лица, општински социјален фонд, дневен центар за бездомници, бесплатни курсеви по странски јазици и информатика и бесплатни учебни помагала за децата кои живеат во потешки социјални услови, како и 50 ученички и исто толку студентски стипендии за децата од социјалните групи.
Петрески обвини дека ВМРО ДПМНЕ само неколку дена од почетокот на изборната кампања ги повторува истите работи, како што се изградбата на марина, пристаништа и базени кои се во сопственост на државата.











