
„Ме обвинуваат сум направил повеќе во периферијата, а не во центарот. Сите граѓани заслужуваат подеднакво добар живот“, додаде Петрески.
Зборувајќи за обвинувањата дека немал реализирано капитални инвестиции, Петрески подвлече дека Владата била задолжена за таквите инвестиции и запраша каде се хотелот „Хилтон“ и двата најавувани хотелски капацитети на местото од детската болница кои ги најавуви владата.
Петрески рече дека ВМРО ДПМНЕ е изгубена во простор и време и ја обвини владејачката партија дека во време на економска криза во Македонија, таа за митингот во Охрид потрошила неколку стотини илјади евра.
На Петрески денеска му беше врачена икона со ликот на Св. Богородица изработена од Пецо Трајаноски. Петрески рече дека и пред 4 години на почетокот на кампањата Трајаноски му врачил икона со Св. Климент со која му посакал успех во изборната трка.











