ВМРО ДПМНЕ деновиве испрати експерт за политичка култура кој одржа морална лекција за дното на политичката култура и комуникација, изјави на прес конференција кандидатот за градоначалник на Охрид од СДСМ, Александар Петрески. Тој покрај забелешки на сметка на пратеникот Александар Николоски, забелкежа и на вокабуларот на против кандидатот од ВМРО ДПМНЕ.

Само еден ден по убедливиот пораз во првиот круг такавиканиот кандидат за градоначалник на ДПМНЕ, г-нот Трендафилов, 14 илјади честити граѓани и домаќини на општина Охрид кои гласаа за мене ги нарече подземни криминогени структури. Ова не е дно на политичката култура и комуникација, ова е дно на човечко достоинство, рече Петрески.

Тој рече дека да се биде градоначалник значи да се почитуваат не само тие кои гласаат за вас туку не треба да се прави разлика меѓу граѓаните по ниту еден основ, како што тоа го правел тој во изминатите четири години. Петрески на средбата со новинарите укажа на одредени недоследности и притисоци што власта ги вршeелаи врз граѓаните за што, како што најави, деновиве ќе бидат известени меѓународните мисии во земјава.

На денешната прес конференција, портпаролот на СДСМ, Лидија Апостолоска, се осврнна на културата. Таа наведе конкретни проекти од областа на културата кои во изминатите 4 години ги поддржала локалната самоуправа, за разлика од како што рече, „копањето гробови и изградбата на наколни живеалишта за кои се потрошени десетици милиони евра“. Таа ја обвини власта дека не го поддржала проектот за формирање професионален театар во Охрид зад кој застанала општината и дека за еминентни манифестации како Прличевите беседи и Балканскиот фестивал годишно државата одвојува едвај по неколку илјади денари. Апостолоска најави дека локалната самоуправа ќе продолжи да ги помага овие, но и другите културни манифестации во градот и во иднина.

Ohridnews