
Петрески рече дека прозорците кои министерот Стојаноски најави дека ќе ги менува во оснoвното училиште во Лескоец, се сменети пред две години, а во три години владата нема направено ниту една фискултурна сала.
Тој го обвини министерот за образование дека не ги познава законите за основно и средно образование, кои, како што рече, забрануваат политичко делување во образованието, а во нивното подготвување учествува и самиот министер.
Кандидатот за градоначалник, Петрески, денеска се осврна и на урбанизацијата. Според него, урбанизацијата и носењето урбанистички планови се одвиваат според потребите и во интерес на граѓаните.
За зградата на „Трим “ наспроти градскиот пазар, Петрески кажа дека ја изградил сегашниот кандидат за градоначалник на Струга од редовите на ДПА, а во времето кога се собирала потребната документација за градба, заменикот министер во министерството за транспорт бил од редовите на ДПА.
„ Оваа зграда е убедливо најниска на булеварот „Туристичка“, рече Петрески и додаде дека останатите станбени објекти кои се градени во Охрид а имаат повеќе катови не се негови дела, туку се правени пред неговиот прв градоначалнички мандат, и затоа, како што рече, не може да одговара за нив.
Од говорницата на СДСМ Охрид, кандидатот за градоначални Петрески упати апел до противничкиот табот, ВМРО-ДПМНЕ, да ја бара урбаната мафија во сопствените редови и помеѓу градоначалниците во Скопје.
Ohridnews











