„Оваа изборна кампања по многу нешта се разликуваше  од која било досега. Можевме да видиме и да слушнеме многу работи-од оние најдобрите, позитивните, прогресивните, па до оние најлошите, крајно негативните со многу ниско и непримерно ниво на политичката култура“. рече на денешната завршна прес-конференција, кандидатот за градоначалник од СДСМ, Александар Петрески.

Според него, најзначајната карактеристика во изборниот штаб на СДСМ била решителност и посветеноста, да и се претстави на јавноста целата изборна програма.


За кампањата на ВМРО-ДПМНе, петрески рече дека била карактеристична примената на сила.

„ДПМНЕ со сила  се обиде да ги убеди своите гласачи, активисти и партиски функционери дека Нанче е најпогодниот кандидат. ДПМНE со сила се обиде да го дистанцира Нанче од неговото поранешно партиско и политичко друштво, се обиде со сила  да ги тргне од интернет и да ги уништи сите клипови на ју-тјуб на кои јавноста можеше да види дел  од пријателите и роднините на Нанче како прославуваат во Разград и Русе, во Бугарија и поставуваат спомен -плоча  на родната куќа на бугарскиот воен капетан Христо Брдаров, на која пишува-За обединета Бугарија.“, рече Петрески.

Тој подвлече дека противничкиот табор за време на капмањата  се обидел и со сила , партиски да ја дисциплинира охридскта полиција и другите државни установи и јавни претпријатија во Охрид.

Сепак, рече Петрески, најголемата сила ја имаат граѓаните на кои веќе им едоста  од сеење страв, од закани и притисоци. Најдобрите резулати  се добиваат кога на гласачите ќе им се овозможи сами и достоинствено да излезат на избирачките места.


По обраќањето до јавноста, кандидатот Петрески, со Коалицијата на еколошки и граѓански организации од Охрид, потпиша Декларација за стратешките еколошки и урбанистички цели на локалната самоуправа и Меморандум за соработка и унапредување на граѓанското демократско општество на локално ниво во Општина Охрид.
Со декларацијата, доколку повторно ја освои довербата на охриѓани Петрески се обврзува дека ќе се посвети на зачувувањето на животната средина, дека ќе се формира независно стручно тело во општинскиот совет во делот на просторното и урбанистичкото делување, дека ќе ги почитува прописите и стандардите на УНЕСКо и Европската Унија при донесувањето на просторните и урбанистичките планови и ќе с е залага за решавање на актуелните еколошки проблеми.

По потпишувањето и на Меморандумот, Петрески уште еднаш го подвлече огромниот придонес на невладиниот сектор и се обрза дека ќе го поддржува и во натамошниот период.

Ohridnews