Градоначалникот на Охрид Александар Петрески, предизборната трка за втор мандат ја започна со прес конференција во манастирскиот компекс Св. Наум, откаде исто така тргна и на претходните локални избори.


Петрески истакна дека главен адут на претстојните избори ќе бидат неговите остварување. Тој истакна како и што минатиот пат ветил, и овојпат ќе работи одговорно, што може да се види и од самата програма.

–  Во отчетот што го дадов за стореното за изминатите четири години, а и во програмата со плановите за наредните четири години, граѓаните можат да препознаат дека нема празни ветувања. Јас сум единствениот градоначалник досега кој има направено повеќе отколку што има ветено, рече Петрески.

Според Петрески снова на развој на секој град се вложувањата во инфраструктурат и решавањето на елементарните потреби на граѓаните.

– Ние не можеме да ветуваме се и сешто, а да не ги имаме решено елементарните потреби на граѓаните, додаде Петрески.


Кандидатот на СДСМ најавидека ќе води позитивна кампања, бидејќи како што рече тој и СДСМ имаат за што да зборуваат, за она што е направено.

– Имаме за што да зборуваме, за она што е направено, Ќе зборуваме за себе, а озборувањата ги оставаме за оние кои немаат што да кажат. Нас не интересираат граѓаните и она што моеже да го направиме во иднина, рече Петрески.


Пред новинарите се претстави и носителот на листата за советници, Бранислав Трпчевски, кој изрази убедување дека како и пред четири години и на престојните избори СДСМ ќе го добие градоначалничкиот мандат во Охрид но и мнозинството мандати во Советот на општината.

– Довербата што очекувам да ја добиеме од граѓаните, ќе ја насочиме во дополнителен развој на градот. Охрид има потенцијал, има перспектива, не се доискористени сите ресурси, така што со повторен мандат на градоначалникот и доминација на советниците на СДСМ, Охрид ќе добие лик на модерен туристички центар, нагласи Трпчевски.