Локалната самоуправа одблизу ги следи случувањата во фудбалските клубови во Охрид. Градоначалникот Петрески напомена дека спортот е од голем интерес на локалната како во поглед на развојот така и на продлабочувањето на спортскиот туризам.


– Ние како сериозни луѓе седнавме и разговаравме со преставници нa фудбалските клубови во Охрид под кои услови општината би инвестирала повеќе во двата клубови. Значи за Охрид е во голем интерес е да има стабилни екипи кои ќе се натпреварвуваат во Првата и Втората лига. Доколку јас видам цврста желба кај управите на овие два клуба ние сме подготовтени да влеземе во “игра“. Потребно ни е да добиеме силни гаранции, а тоа се ние како општина да добиеме место во Управниот одбор, односно да бидеме дел од тие кои ќе ги носат клучните одлуки, само во тој случај општина Охрид ќе предвиди за двете екипи средства. Јас деновиве ќе имам повторна средба на која ќе ги дискутираме овие работи – рече градоначлникот Петрески, кој напомена дека нема уште многу простор за маневар бидејќи шампионатот започнува за петнаесетина дена.

Новиот шампионат започнува на 30 јули за првата, односно 31 јули во второлигашката конкуренција.

М.П.