
Оттаму сметаат дека на предбожиќната средба со новинарите во Битола, владиката Петар, без ниеден аргумент, го обвинил охридскиот градоначалник Александар Петески дека при неговата посета на Австралија, се мешал во црковните работи и ги поддржувал расколниците во епархијата.
-Градоначалникот Александар Петрески во Австралија престојуваше само седум часа, бидејќи мораше да се врати во Македонија, поради зголемување на нивото на Охридското Езеро и санирањето на евентуалните поголеми поплави. Никој дуг, освен владиката Петар, не би можел да замисли, а камоли јавно да обвини дека за 7 часа, некој може да направи раскол во некоја епархија на Македонската православна црква, особено во Австралиско- новозеландската. Пораката за мир и спокој на земјата и небото, очигледно за владиката Петар е помалку важна од желбата за неговото занимавање со политика и заштитата на личните интереси. Христијански е, да се крене главата и да се погледне кон небото и достоинствено, за направените грешки, да се побара прошка од Бога.-стои во реакцијата на Кабинетот на градоначалникот Александар Петрески.











