Во меѓувреме, на просторот на некогашниот паркинг кај градскиот пазар никнува неколкукатен станбен објект, за чии потреби секојдневно се користи и тешка механизација.
Според градоначалникот Петрески, оваа локација не е опфатена со забраната за изведување градежни работи во летниот период. Како што посочува Петрески, забраната важи од крстосницата кај Охридска банка до Спортскиот центар Атина Бојаџи, во правец од булеварот Туристичка кон езерото.
Инаку, паркинг просторот кај градскиот пазар во повеќе наврати од страна на Локалната самоуправа и градоначалникот Петрески беше посочувана како една од локациите на кои ќе се гради една од неколкуте катни гаражи во градот, со цел да се спречи проблемот со недостатокот од паркинг места.