Дека еколошката свест ни е ниско ниво одамна не е вест, а дека е така потврдуваат овие фотографии направени деновиве на планините Петрино и Галичица.

Купишта најразличен цврст отпад, градежен материјал и шут, како и покуќнина расфрлани се на повеќе локации во непосредна близина на локалните патишта. 

Иако во градот редовно има акции за собирање кабаст и зелен отпад, како и депонија за одлагање шут, на охриѓани полесно им е отпадот да го фрлат во природа не водејќи сметка за штетните последици.

Станува очигледно дека е потребна сериозна кампања за подигање на еколошката свест, но пред се потребна е решителна и неселективна акција на надлежните институции и инспекторати за работите да почнат да се менуваат. 

OhridNews