Ракометарите на Охрид во недела во Атина го играат првиот натпревар од 1/4 финалето на ЕХФ Европскиот Куп со СФП Олимпијакос.
Веќе ја анализираме екипата на Олимпијакос и се подготвуваме тактички за натпреварот. На секоја позиција имаат добар играч, на секој мораме посебно да обрнеме внимание. Нашите очекувања се да го дадеме максимумот на првиот натпревар, за дома да биде што полесно. Вториот натпревар среќа е што се игра на домашен терен, многу полесно за подготовка на екипата, играме пред своите навивачи. Очекувам дека салата ќе биде полна до последно место и мислам дека тоа ќе ни даде ветар во грб. Се подготвуваме добро за нивната бековска линија од каде има најголема опасност, на секоја бековска позиција имаат вонсериски играч. Ќе пробаме да го затвориме најсилното оружје и со тоа да победиме на натпреварот, изјави левиот бек на ГРК Охрид, Стефан Петриќ.
OhridNews











