Скоро една година му беше потребна на младинскиот репрезентативец Филип Петров кој трансферираше во српскиот супелигаш Јавор, да се адаптира на условите и да се избори за место меѓу првите единаесетмина.

– Конечно се вклопив и се навикнав на условите и работат во Јавор. Во клубот сум одлично примен , во првите шест месеци играв стандардно , додека на стартот на новото првенство напорно работам да изборам место меѓу стартертите – вели Петров.

Во клубот на средина на сезоната дојде до тренерска замена па на местото на Радован Чурчиќ, дојде поранешниот играч на Ц.Звезда, Атлетико Мадрид, Севиља, Зоран Његуш.

– Од новиот “шеф“ има што да се научи. Имал богата фудбласка играчка кариера и тоа на секој начин се обидува да им го пренесе на помладите. Простор во нашиот клуб за млади и има и нема, нон стоп сме под притсок на играта на победа и обезбедување на опстанокот – вели Петров кој потенцираше дека српското првенство е за класа посилно од македонската фудбалска лига.


Петров (21) кој има договор со клубот од Ивањица уште две години, го заврши натпреварвачкиот циклус во младата репрезентација и очекува со добрите игри во српскиот шампионат да се наметне кај селекторот за повик во А селекцијата.

–    Прво очекувам да изборам место во тимот, а потоа со добри игри да го привлечам вниманието на селекторот и да добијам повик во националаниот тим, Знам дека се од мене зависи – рече Петров, чија желба е еден ден да заигра во Шпанската Ла Лига.


Петров и неговиот Јавор од Ивањица, го одбраа Охрид како база за зимските подготовки, а во досегашните тест средби, ремизираа со Охрид 1-1, Смедерево 0-0, го совлада македонскиот шампиона Ренова со 2-0 и ремизираа со Напредок 1-1.

М.П.