Локални избори ќе има, само доколку се одржат и предвремени парламентарни кои ќе бидат фер и демократски, истакна Генералниот секретар на СДСМ Андреј Петров, пред граѓаните на Охрид  кои и вечерва беа дел од Граѓанскиот парламент одржан пред споменикот „Св. Кирил и Методиј“ во центарот на градот. Според него, оваа влада преку свесното и грубо кршење на законите и уставот на 24-ти декември, го изгубила легитимитетот меѓу граѓаните.



„Треба сите да разберат во каква земја и во какво општество живееме. Грубото исфрлање на новинарите и пратениците надвор од Собраниеот, не се случува во нормално демократска држава. За да се врати земјава во нормален колосек, потребно е одржат фер и демократски предвремени парламентарни избори. Имајќи предвид на каков начин полицијата се пресмета со пратениците и новинарите, можете да замислете што ќе се им се случува на кандидатите за градоначалници и на граѓаните за време на локалните избори.“
– рече Петров.


Тој истакна дека земјава се наоѓа во крајно лоша, економска и недемократска состојба. „Кога граѓаните се тепаат на улица, како да очекуваме некој од надвор да не почитува. Првите луѓе на полицијата, Министерството за финансии, Македонската телевизија и Министерството за правда треба да се личности кои ќе ја уживаат довербата од граѓаните. Ова е историски момент, за земјава да тргне на вистинскиот пат. Се надевам дека во оваа година, Македонија ќе се разбуди како демократка земја со демократска власт предводена од СДСМ.“ – додаде Петров.


Томислав Тунтев од советничката група на СДСМ, истакна дека на сите народни избраници им е даден мандат за да ги застапуваат интересите на граѓаните.


„Овој граѓански парламент е од и за народот. После 24-ти декември,  јасно ми е на кој начин владеат. Колку и да се лоши законите во земјава, советничката група на СДСМ и советничкото мнозинство даде заклетва дека ќе ги почитува истите. Тоа е разликата меѓу нас и ВМРО-ДПМНЕ, кои грубо го прекршија уставниот порердок во земјава.“ – вели Тунтев.


Инаку, во сабота во главниот град на земјава, Здружената опозиција предводена од СДСМ ќе одржи протестен марш.

OhridNews