Втора година по ред МЗТ Скопје во првата игра со домаќинот на турнирот. МЗТ е втор по бројот на трофеи во купот, но откако се игра по фајналејт формат (во претходните три години), овој клуб никогаш не го минал четврт-финалето.

Не одиме во Охрид со бело знаме. Веруваме дека можеме да победиме.Иако имаме тежок противник, одиме да одиграме најдобро што можеме. Комплетни сме, и верувам дека конечно ќе го минеме четврт-финалето – оптимистички најавува тренерот Александар Петровиќ.

ohridnews