СДС продолжува да ги манипулира граѓаните. Чисто политиканство без конкретни нови мерки и преземени активности за решавање на проблемите кои ги мачат граѓаните. Охриѓани и по осум месеци немаат добиено обесштетување за штетите од земјотресите. За нив, нема ниту денар, ниту пак солидарност, обвини на денешната прес конференција претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Кирил Пецаков.


– Околу 870 семејства чекаат финансиска помош од државата за да ги санираат штетите во домовите. 15 од нив немаат ни каде да живеат поради тоа што земјотресот од 3 јули им направил оштетувања од дури петти степен. Владата и Локалната самоуправа предводени од СДС треба да се изјаснат зошто сже уште нема одговор и покрај тоа што претходната Општинска комисија за проценка на штети, изготвила елаборатот и истиот бил доставен до Владината комисија уште на 30 август, рече Пецаков.

Тој побара одговор на прашањето- Зошто комисијата е разрешена, како и зошто не е постапено по барањето.

– Свесно ли се прави тоа за да трае тоа долго сже до повторно именување на нов состав на комисијата? Се покажува вистинското лице на СДС и пратениците од Охрид, Томислав Тунтев и Жаклина Лазаревска коишто пак претходно не го прифатија интервентниот амандман од 2 милиона евра со цел за располагање на граѓаните коишто претрпеа штети. ВМРО-ДПМНЕ бара од СДС да покаже совест и грижа за граѓаните и паричните средства во најкус можен рок да бидат исплатени на граѓаните, потенцира Пецаков.

Како што рече, Охриѓани заслужуваат искрено внимание и помош од власта и локалната самоуправа која има одговорност за нив, а не нивна злоупотреба само кога од тоа се собираат политички поени во време на политички кампањи.

OhridNews