Колумбискиот репрезентативец Радамел Фалкао на дуелот со Квинс Парк Ренџерс во Премиер лигата ќе ги има своите пет минути во дресот на Манчестер Јунајтед.
Фалкао на Олд Трафорд пристигна како големо засилување, но до сега тој воопшто не импресионираше со играта и пред се со учинокот.
Колумбиската машина за голови сезонава постигна само три и имаше исто толку асистенции, што е премалку за некогашниот најдобар центарфор во светот.
Повредата на холандскиот репрезентативец Робин ван Перси ќе биде шанса за Фалкао без притисок да ги покаже своите квалитети.
Мх.П.