Последниот викенд во јули ќе биде резервиран за петтото, јубилејно издание на турнирот во одбојка на песок. Неделата на одбојката ќе започне на  24 јули, а ќе трае до 1 август на добро познатата локација, плажата Бафало Бич.


Традиционално натпреварувањето, ќе стартува со компаниите, потоа ќе играат  рекреативците и младите одбојкари, додека кулминацијата ќе се достигне со професионалците во сениорска конкуренција.


Актуелни шампиони во одбојка на песок во машка конкуренција е двојката Кариќ/ Гавриловиќ од Србија, додека кај дамите приматот го имаат домашните одбојкарки Јаничиќ и Петровиќ.

Ohridnews