Во организација на охридскиот градски хор „Вокс Лихнидос“ на 27 јуни со почеток во 20 часот ќе се одржи петтиот Меѓународниот хорски фестивал „Гласот на Охрид“.

Покрај домаќинот, во катедралната црква „Св.Софија“, ќе настапат и членовите на хорот при Центарот за култура „Кикинда“, Србија, хорот „Бачки Певачи“, Врбас, мешаниот хор при КУД „Стив Наумов“ од Битола и Градскиот женски младински ансамбл од Феризај, Косово.

Влезот за фестивалот е бесплатен.

Инаку, охрискиот градски хор во 2020 година одбележа 55 години од постоењето, од 2015 година го носи името „Вокс Лихнидос“ и е предводен од диригентот Бурим Хидри.

OhridNews