Со цел едуцирање на учениците и полесно совладување на материјалот по наставниот предмет општество, вчера во ОУ „Григор Прличев“ Охрид беше спроведено едукативно предавање на тема „Девијација и девијантно однесување на личноста во групата“, преку кое најмладите од петто одделение се запознаа со пороците на денешницата.

Предавањето го водеше д-р Весна Лаброска, а на настанот присуствуваа педагогот на училиштето Офелија Петреска, како и одделенските наставници од петто одделение, Валентина Трпческа и Мимоза Трајческа.

Стручното лице ги запозна младите со негативните својства и последици кои ги носат алкохолот, дрогата и цигарите, а во таа насока учениците изработија пано од фотографии, текстови и илустрации, класифицирајќи ги разните девијантни појави.

На крајот од едукативната трибина, учениците извлекоа порака: „НЕ“ за дрогата, алкохолот и цигарите „Спортувај, живеј здраво“.

OhridNews