Словенскиот стратег Роберт Певник е единствениот странец кој како тренер работи во македонската Прва Лига. Во изминатите четири месеци , Певник можеше подлабоко да се запознае со приликите и условите во Македонскиот фудбал.

Со Работнички, е во трка за петтата позиција, а играше во финалето на Македонскиот куп, каде беше поразен од Ренова со 3-1. Тој последните изјави на селекторот Тошак ги смета за потеценувачки за сите кои се инволвирани во макфудбалот.

– Доколку сметав дека во Македонија не се игра добар и дека нема услови воопшто немаше да доаѓам, При моето доаѓање напоменав дека тука работат многу добри тренери и дека има многу квалитетни фудбалери. Со изјавите на селекторот репрезентацијата Џон, Тошак не се согласувам, тие се потценувачки за сите нас. Фудбалерите не треба да се замараат со ваквите изјави, нека ги кренат главите горе и да продолжат максимално да се фокусираат на напорната работа во пресрет на наредните натпревари – рече словенскиот стратег Певник од Охрид каде неговиот Работнички славеше победа од 2-0.

М.П.