На 02.01.2026 во 04:20 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 56-годишно лице од Скопје.

Претходно, во 03:50 часот на ул. „Партизанска“ во Охрид, тој со патничко возило, кое го управувал, удрил во паркирани возила „ауди“ со скопски регистарски ознаки и „рено“ со косовски национални ознаки. По преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,88 промили алкохол во крвта, информираат од СВР Охрид.

По целосно документирање на случајот, додаваат, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

OhridNews