Вчеравечер, во 23,40 часот во СВР- Охрид, од страна на вработен како обезбедување во комплексот „Плаошник“, било пријавено дека во комплексот, преку заштитната ограда влегло едно непознато лице со патничко моторно возило и дека најверојатно врши ископување.
Полициските службеници излегле на лице место, при што констатирале дека се работи за 45- годишен охриѓанец кој со возилото влегол преку оградата во комплексот „Плаошник“, но кога дошле полицајците се дал во бегство. Истиот бил видно под дејство на алкохол и по издадената усна наредба да застане, почнал да фрла камења кон полициските службеници,а потоа се обидел и физички да ги нападне.
Набргу лицето било доведено во послушност и приведено во СВР-Охрид, каде му е извршено алкотестирање, при што е констатирано присуство на алкохол во крвта од 1,97 промили.
По целосно расчистување на случајот против охриѓанецот ќе биде поднесен соодветен поднесок.











