Дефанзивецот на Барселона, Џерард Пике, изјавил дека престојниот дерби со Реал, во многу нешта може да влијае врз останатиот дел од сезоната.

По девет одиграни кола во Примера, Барселона е лидер со бод предност во однос на Атлетико и три во однос на Реал.

„Ел Класико може да ја реши сезоната, доколку победиме ќе имаме шест бодови повеќе од Реал. Овие дерби средби секогаш се различни во однос на останатите натпревари. Во последните неколку сезони беа важно поради тоа што директно решава за титулата“, им изјавил Пике на шпанските медиуми.

Барселона во деветото коло одигра нерешено со Осасуна, додека Реал ја победи Малага. Најголемото дерби на шпанскиот фудбал ќе се одигра во сабота, на „Ноу Камп“ со почеток во 18 часот.

„Макфакс“