Дефанзивецот на Барселона, Жерард Пике ги израдува навивачите на каталонскиот клуб, откако на социјалните мрежи постави фотографија со Нејмар и напиша „Останува“.
Бразилскиот репрезентативец десеттина дена активно се поврзува со преселба во тимот на Пари Сент Жермен. Сопствениците на „светците“ подготвени се да платат 230 милиони евра, само да го доведат Нејмар во своите редови.
Нејмар во Барселона дојде од екипата на Сантош. Каталонците во трката за потписот од Нејмар беа побрзи од Реал Мадрид, кој исто така покажа голем интерес.
Бразилецот заедно со останатите играчи се на турнеја во Соединетите американски држави (САД) и најверојатно таму и ќе остане до почетокот на сезоната.
OhridNews